Џонсон: Оптимист сум, но ни претстои тешка борба
Британскиот премиер Борис Џонсон во својата новогодишна порака изјави дека е оптимист, но дека на Британците и понатаму им претстои тешка борба со коронавирусот.
– Четири нации се уште се далеку од секојдневието со посета на ноќните клубови, концерти, ресторани или театри, но „светлото на надеж е запалено“ благодарејќи на вакцината, истакна Џонсон, обраќајќи им се на Англичаните, Шкотланѓаните, Велшаните и жителите на Северна Ирска.
– Знаеме дека пред себе имаме тешка борба, која ќе трае недели и месеци, поради новиот вид на коронавирус кој бара нова внимателност, додаде британскиот премиер.
Тој ја искористи новогодишната порака да им се заблагодари на луѓето на првата борбена линија во борбата против пандемијата на Ковид-19 – здравствените работници, лекарите, трговците, возачите.
Осврнувајќи се на Брегзит, Џонсон изјави дека „ова е неверојатен момент – имаме слобода во своите раце и нам ни останува од тоа да го извлечеме најдоброто“.
– Сега сме слободни да склучуваме трговски договори низ светот и да ја оствариме амбицијата да бидеме суперсила во науката, нагласи британскиот премиер.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега