Џонсон: Оптимист сум, но ни претстои тешка борба
Британскиот премиер Борис Џонсон во својата новогодишна порака изјави дека е оптимист, но дека на Британците и понатаму им претстои тешка борба со коронавирусот.
– Четири нации се уште се далеку од секојдневието со посета на ноќните клубови, концерти, ресторани или театри, но „светлото на надеж е запалено“ благодарејќи на вакцината, истакна Џонсон, обраќајќи им се на Англичаните, Шкотланѓаните, Велшаните и жителите на Северна Ирска.
– Знаеме дека пред себе имаме тешка борба, која ќе трае недели и месеци, поради новиот вид на коронавирус кој бара нова внимателност, додаде британскиот премиер.
Тој ја искористи новогодишната порака да им се заблагодари на луѓето на првата борбена линија во борбата против пандемијата на Ковид-19 – здравствените работници, лекарите, трговците, возачите.
Осврнувајќи се на Брегзит, Џонсон изјави дека „ова е неверојатен момент – имаме слобода во своите раце и нам ни останува од тоа да го извлечеме најдоброто“.
– Сега сме слободни да склучуваме трговски договори низ светот и да ја оствариме амбицијата да бидеме суперсила во науката, нагласи британскиот премиер.
Ново на Сител
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков