Џонсон: Нема ништо лошо во моите односи со Аркјури

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека одлуката на лондонските власти да побараат од полицијата да покрене истрага во врска со неговите контакти со американската деловна жена Џенифер Аркјури, е политички мотивирана и оти не гледа ништо непримерно во неговите односи со Аркјури во времето кога бил градоначалник на Лондон.
Во предметот се наведува дека Џонсон, додека бил градоначалник не пријавил дека има блиски лични врски со Џенифер Аркјури, која од градскиот буџет добила 126.000 фунти за финансирање на јавно работење и место на службени патувања, за што прв информираше „Сандеј тајмс“.
– Се беше во согласност со уставот…немаше потреба нешто да се објавува, рече Џонсон за Би-Би-Си.
Тој додаде дека неговиот наследник на функцијата градоначалник на Лондон Садик Кан би требало повеќе да се позанимава со истраги за припадници на полицијата наместо да трошти време на „работи како приказната за Аркјури“.
– Да бидеме апсолутно јасни, многу, многу сум горд на се што направивме и сигурно на се што јас направив како градоначалник на Лондон, рече Џонсон.
Во меѓувреме, американските медиуми објавија најнови детали за односот меѓу Џонсон и Аркјури. Според „Сандеј Тајмс“ Аркјури, наводно „им кажала на четири пријателки дека имала сексуална афера со Џонсон, додека бил градоначалник на Лондон“.
Ново на Сител
-

Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
-

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
