„Џонсон Контролс“ отвора нова фабрика во Струмица

По успешноста на фабриката во Штип, „Џонсон Контролс“ отвора нов капацитет во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места.
Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“ Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува идната година напролет како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд, најдоцна до пролетта 2017-та.
„Џонсон Контролс“ со овој капацитет, во наредните три години има можност да вработи 3.000 луѓе.
- Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука, рече Ван Лои.
Според Мизо, фактот дека „Џонсон Контролс“ реинвестира во Македонија е потврда за успешноста на владините политики за подобрување на бизнис климата и креирање многу плодна почва за вложување.
- „Џонсон Контролс“ трет пат инвестира во Македонија, прво во Скопје во 2006 година, потоа во Штип во 2011, а сега и во Струмица, истакна Мизо и додаде дека веднаш ќе се пристапи кон активностите за адаптирање на индустриската зона во Струмица.
Инвестицискиот план предвидува првите вработувања да бидат до крајот на годинава, а до крајот на 2016-та ќе бидат вработени 300 лица.
- Слично како во Штип, каде се предвидуваше на почетокот да се вработат 1.250 луѓе, а сега се вкупно 1.700, истите тие бројки планираме да се реализираат и во Струмица, посочи Мизо, нагласувајќи дека однапред се алоцира и доволно простор за можно идно проширување.
Одговорајќи на новинарски прашања, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ рече дека „Вистеон електроникс“ до крајот на идната година планира да заврши со производниот процес во Македонија. Во меѓувреме траат контактите со други компании кои на еден или на друг начин може да го искористат погонот на Вистеон за влез во Македонија и за проширување на нивните производства.
- Додека тие разговори не завршат, не сум во можност да давам информации зашто се од сензитивна природа, но важно е дека вработените во Вистеон со сигурност ќе бидат згрижени во таа или некоја од другите компании во Македонија, потенцира Мизо.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
