Џонсон ги отфрли критиките поради спроведување локални мерки за коронавирусот
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги отфрли критиките поради плановите на Владата за спроведување локални рестриктивни мерки доколку се појават нови жаришта на коронавирусот и апликацијата за следење на ширењето на вирусот.
Опозицискиот лидер, лабуристот Кеир Стармер изјави дека двата система сè уште не се подготвени и дека Англија треба да ги олесни мерките воведени против ширењето на коронавирусот на 4 јули.
Џонсон одговори дека Велика Британија има многу ефикасна апликација која е осмислена за да обезбеди дека жариштата се држат под контрола.
– Не сакам да се преправам … дека оваа работа е победена или дека вирусот го нема … Ние треба да останеме будни и да ги поддржуваме локалните совети во извршувањето на нивната витална работа за спроведување локални рестриктивни мерки, рече Џонсон, повикувајќи го Стармер да најде друга земја која има функционална апликација за следење.
Портпаролот на Стармер посочи на Германија, каде голем број луѓе ја преземале апликацијата и голем број земји кои се пред Велика Британија во однос на развивање на нивните апликации, како Сингапур и Јужна Кореја.
Ново на Сител
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
