Џонсон: ЕУ е „малку негативна“, но договор за бекстоп е можен

Европската унија се постави „малку негативно“ кон шансите за постигнување договор за Брегзит, но тој е уште „можен“, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
ЕУ претходно го одби барањето на Џонсон за повторно отворање на договорот за Брегзит, изјавувајќи дека Велика Британија не предложила ниту една реална алтернатива за „бекстоп“, договорено со решението за ирската граница.
– Во моментов е апсолутно точно дека нашите пријатели и партнери се малку негативни…но мислам дека ќе постигнеме договор. Јас мислам дека сега е разумно нешто да се стори со бекстоп – рече Џонсон пред новинарите, пренесоа британските медиуми.
Џонсон мисли дека сега постои голема шанса, во текот на курсот на преговори за спогодбата за слободна трговија, што ќе се случи по 31 октомври, да се раздвижат сите начини на кои трговијата може да се одржува без проблеми на границата со Северна Ирска.
Ново на Сител
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
