Џет-Сет
14. October 2020 - 9:43

Џона Хил ја раскина свршувачката

Американскиот глумец Џона Хил и неговата доскорешна партнерка Џијана Сантос ја раскина свршувачката, само една година откако се свршиле.

Како што пренесува неименуван извор близок до двојката, прекинот бил на пријателска основа.

Хол (36) и неговата пет години помлада девојка се верија лани во октомври. Кусо потоа, глумецот номиниран за Оскар за филмовите „Волкот од Волстрит“ и „Купче пари“, купи имот од 6,77 милиони долари во Санта Моника, Калифорнија, САД.

Џијана Сантос е менаџерка на „Вајолет Греј“ – фирма за козметика со седиште во Лос Анџелес.

Хил во последно време, со својата сестра и мајка му е активен во кампањата за помасовно гласање на претседателските избори во САД.