-->
-->
Џон Стоунс ново засилување за Манчестер Сити
-->

Џон Стоунс е новото име во тимот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити. Со доаѓањето на Пеп Гвардиола на кормилото на „граѓаните“ летово во екипата од „Итихат“ веќе дојдоа седум нови фудбалери (Лерој Сане, Илкај Гундоган, Нолито, Алекс Зинченко, Габриел Жезус, Арон Мој и Марлос Морено). Сепак, Стоунс е најскапо платеното засилување досега.
22-годишниот Стоунс е еден од најбараните и најквалитетните млади дефанзивци на светот, па затоа Манчестер Сити не жалеше пари да го доведе во своите редови. Стоунс за сума од 47 милиони фунти се пресели на „Итихад“ притоа потпишувајќи шестгодишен договор до 2022 година.
- Среќен сум што потпишав за Сити, му се радувам на овој нов чекор во мојата кариера. Знам што се случува на „Итихад“, амбициозен клуб со голем менаџер, со нетрпение чекам да се прилагодам и да помогнам во остварување на целите. Знам дека ќе биде тешко да се влезе во екипата, но јас сум одлучен да станам најдобар играч и да помогнам во остварување на успеси, изјави Стоунс по неговата промоција за нов играч на „граѓаните“.
Во краткото соопштение кое го објави, сега веќе неговиот поранешен клуб, Евертон, пишува дека клубот ќе заработи 12 милиони фунти, додека неговиот прв тим Барнсли меѓу 7 и 9 милиони фунти.
Инаку минатата година Евртон ја одби понудата на Челзи од 40 милиони фунти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
