Џон Кејсик се повлече од изборната трка за претседател на САД

Гувернерот на Охајо, Џон Кејсик се повлече од трката за кандидат на Републиканската партија, за претседателските избори во САД, во ноември оваа година.
„Од денеска, не сум повеќе во кампањата за републиканска номинација„ - им соопшти Кејсик на своите симпатизери и подржувачи, собрани во градот Колумбус, во сојузната држава Охајо.
Во досегашниот изборен процес, Кејсик победи само на едни прајмери избори и тоа во оваа држава.
Овој умерен републиканец веруваше дека и покрај големото заостанување зад водечкиот Доналд Трамп, би можел да ја добие номинацијата на конвенцијата на Републиканската партија, предвидена за јули, како средно решение во трката на двајцата „јастреби„ Трамп и Тед Круз.
Но досегашниот тек на предизборниот процес, покажа дека гувернерот на Охајо и неговите ставови и позиции, не може да ја добијат подршката на поголемиот дел од републиканското гласачко тело.
Повлекувњето на Кејсик дојде само десетина часови по повлекувањето на сенаторот од Тексас, Круз, кој тоа го соопшти по уверливиот пораз од Трамп, на прајмери изборите во сојузната држава Индијана.
Во првичната реакција, Кејсик изјави дека ќе остане во изборната трка, сам против Трамп, но подоцна беше најавено дека и вториот противкандидат на њујоршкиот милијардер, одлучил да не учествува повеќе во изборната кампања.
Кејсик и Круз минатиот месец направија изборен пакт, против Трамп, договарајќи се да се помагаат меѓусебе, на сите наредни партиски глсања, за да спречат тој да стигне до потребните 1273 делегати, неопходни за добивање на претседателската номинација од оваа партија.Работите целосно се променија, по уверливиот пораз што и обајцата го доживеаја во Индијана.
Веднаш по одлуката на Кејсик, некои американски медиуми најавија дека тој би можел да биде потпретседателски кандидат, но тој од порано има изјавено оти нема да прифати една таква понуда.
Во изборниот процес кај републиканците, сега останува сам, Трамп кој во ваквата ситуација и не мора да прави формална кампања за прајмери изборите во Калифорнија, на 6 јуни.
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
