„Џојфест 2016“ со хуманитарен карактер
Петтото, јубилејно, издание на Кривопаланечкиот рок-фестивал „Џојфест“ што ќе се одржи утре ќе биде посветено на поплавените подрачја во Скопје и Тетово, зафатени со поплавите од 6 август.
Главни ѕвезди на фестивалот се рок-составот „Ареа“ и легендарните „Ван Гог“ од Србија, а ќе настапат и локалните бендови „Машина“, „СТОП“ и „РГБ“.
Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, рече дека она што го карактеризира годинашното издание е хуманитарната нишка, бидејќи не ги забораваме жителите на најпогодените подрачја зафатени со полавите.
- Во соработка со Општинската организција на Црвен Крст ќе бидат поставени кутии за донација, па сите кои ќе присуствуваат ќе можат да го дадат својот добротворен прилог за семејствата од овие региони, изјави Алексовски.
Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Михајловски, истакна дека фестивалот годинава слави мини-јубилеј.
- Фестивалот расте низ годините, растат и заинтересираноста и апетитите на публиката од градот и регионот. Поради тоа, годинава одлучивме македонскиот легендарен рок-состав „Ареа“ и мега супер-бендот „Ван Гог“ од соседна Србија да бидат главни ѕвезди, а за продолжување на забавата до раните утрински часови ќе биде задолжен светски-реномираниот Ди-џеј Гоце, рече Михајловски.
Драган Величковски директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, член на организацискиот одбор рече дека промотивната кампања ва „Џојфест“ се организира веќе од почетокот на минатиот месец, поарди што се рекордна посетеност.
- Промотивни плакати се дистрибуирани во Источниот Регион, Штип, Кочани, Пробиштип и Свети Николе, во Североисточниот, како и во соседна Бугарија, во Ќустендилскиот регион, а во сите региони е направена промоција во соработка со туристички агенции и институции од областа на културата, изјави Величковски.
„Џојфест“ се организира под покровителство на општина Крива Паланка, а годинава е дел и од „Топол културен бран“, поддржана од Министерството за култура на РМ. Фестивалот ќе се одржи на 20 август на градскиот плоштад „Карпошово востание“, со почеток во 19 часот.
Ново на Сител
-
Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС
-
20-годишно момче од Охрид е втората жртва во тешката сообраќајка на патот Битола – Ресен
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин