Спорт плус
7. May 2016 - 9:38

Џиро Д'Италија: Првата етапа за Думолан

Холандскиот велосипедист Том Думолан победи на првата етапа на 99-то издание на трката Џиро Д’Италија. Првата етапа се возеше во Холандија, во Апелдорн.

Холандскиот велосипедист беше најбрз на трката на хронометар, етапата долга 9,8 километри, тој ја мина за 11 минути и три секунди.

Секунда зад Думолан задоцни Словенецот Примож Роглич, додека третото место го освои Андреј Амардон од Костарика. 

Еден од фаворитите за севкупна победа, шампионот од 2013 година Винченцо Нибали го освои шестото место со време 11 минути и 22 секунди.

Џиро Д„Италија ќе продочжи со две спринт трки во Холандија, а по еден ден пауза ќе се пресели во Италија.

Трката ќе заврши на 29.мај во Торино.