Џиновскиот крокодил конечно убиен: Последен оброк му беше болна и немоќна жена
Полицајците убија крокодил долг 4,3 метри кој, како што се верува усмртил дементна жена, која заскитала од старскиот дом во Порт Даглас во државата Квинсленд. Во трупот на крокодилот утрово се пронајдени човечки остатоци, за кои се верува дека се на 79-годишната Ен Камерон.
Остатоците од Ен Камерон се пронајдени во петокот, два дена откако жената излегла од старскиот дом. На тоа место, околу два километри од домот, се пронајдени и нејзиниот стап за одење и нејзината гардероба.
Припадниците на посебната служба за заштита на фауната го убиле крокодилот, а полицијата треба да утврди дали станува збор за животното кое ја усмртило жената.
Во прашање е естуарски крокодил (Crocodilus porosus) кој живее во мочуриштата и рекитие од приморската област на северот на Австралија, но понекогаш се сели и до морето.
Неговата тежина може да достигне и до тон, како и 7 метри должина поради што се смета за најголем вид рептил.
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени