Џиновската ракета „Артемис 1“ не полета, во Скопје се следеше настанот
Скопјани денеска чекаа да бидат сведоци на историското полетување на ракетата на НАСА на Месечината. На организиран собир преку видео бим да просведочат на моментот за прв пат по 50 години да се лансира ракета чија цел е во иднина да носи и луѓе на Месечината. Преку денешниот настан организаторите планираат да допрат до секојдневниот човек да се заинтересира за историските случувања во вселената, без разлика дали се стручни во таа област.
Но иако најавено за нешто попладне да полета тест капсулата на програмата Артемис, сепак лансирањето на најмоќната ракате на НАСА досега беше одложено поради проблем со моторот пред самото полетување. Вселенското летало беше предвидено да кружи околу Месечината и по шест недели да слета во Тихиот океан.Спејс лаунч системот е најсложеното летало досега дизајнирано со должина од 100 метри, а предвидено е да биде најмоќната ракета што некогаш ја напуштила земјата.
Денешниот лет требаше да биде без екипаж, односно наместо астронаути да има поставено кукли со сензори, а доколу биде успешен на следната мисија да бидат пратени и астронаути.
По денешното неуспешно полетување, следен датум кога би се лансирала ракетата е 2 септември. Целиот проект чини околу 93 милијарди долари.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар