-->
-->
Џинобили уште една сезона со "Спарси"
-->
Ману Џинобили реши да го одложи своето повлекување од кошарката, па потпиша нов едногодишен договор со тимот на Сан Антонио, со кој ја доживеа целосната афирмација.
Аргентинецот по завршувањето на ланската сезона се пожали на премореност, што дел од медиумите го пренесоа како најава за пензионирање, но по летниот одмор Џинобили ги известил челниците на Сан Антонио дека ќе продолжи да го носи дресот на овој клуб.
Сан Антонио успеа да потпише нови договори со Ленард и со Грин, а во следните денови се очекува нов член на „Спарс“ да стане и Дејвид Вест.
По продолжување на договорите на двајцата носители на играта на „мамузите“, Тим Данкан и Ману Џинобили и доведувањето во тимот на Ламаркус Олдриџ, Сан Антонио е еден од најсериозните кандидати за освојување на шампионскиот прстен следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани