Џим Кери планира да ја заврши својата кариера
Холивудскиот глумец, комичар и двократен добитник на „Златен глобус“, Џим Кери има намера да ѝ стави крај на својата кариера, како што најави во интервју објавено на Јутјуб-страницата на порталот „Аксес“ (Access).
Канадскиот комичар Џејмс – Џим Кери на 17 јануари 2022 година наполни 60 години. А, за време на гостувањето по повод филмот „Соник: Супер еж 2“ (Sonic the Hedgehog 2), вчера изјави дека неговите намери да ја напушти филмската индустрија се „прилично сериозни“.
– Сѐ ќе зависи од ситуацијата. Направив доволно. Тоа е сѐ, рече тој.
Глумецот има околу 60 улоги во филмови, и ТВ-серии, од кои повеќето се комедии. За највпечатливи важат неговите ликови во трагикомедијата „Шоуто на Труман“ (1998) и мелодрамата „Сјајот на чистиот ум“ (2004), каде што немаше комични улоги.
Покрај двете награди „Златен глобус“, Џим Кери има освоено 11 филмски награди на „Ем-ти-ви“ (рекорден број за оваа награда) и француски Орден за уметност и литература (2010). Во 2014 година, Канадската поштенска корпорација издаде поштенска марка со слика на актерот.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми