Џијан Емин ќе диригира на два концерта во Будимпешта

Македонскиот композитор, диригент и аранжер Џијан Емин на 4-ти и 5 јануари ќе настапи како диригент на два концерта во Будимпешта, во концертната сала МУПА - една од најпрестижните во Унгарија.
Ќе диригира на концертите насловени „Миртил-Париз симфонија“, на кои солист ќе биде Миртил Мишелер - познат унгарски уметник, особено во сферата на европската џез-сцена.
Џијан Емин ќе го води оркестарот „Данубија Оркестра Обуда“ и бенд од Унгарија. Програмата е составена од француски шансони, кои беа изведени и во Скопје минатата година на концертот „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените, чии аранжмани беа на Емин.
На концертите, кои се распродадени од пред еден месец, ќе бидат изведени познати теми од Ив Монтан, Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жо Дасин...
Џијан Емин изминатиот месец настапи како диригент и автор на музиката на настанот „Неуланд - Сенсориум“ кој, според порталот „Риборн“, беше прогласен за настан на годината, потоа на концертот на Здружението на џез-музичари со Македонската филхармонија под наслов „Baby it’s Cold Outside“, како диригент и на концертот „Филхармонија за Шпато“, на концертот „Charlie Parker & Strings“, на мултимедијалниот перформанс во соработка со „Имиџ Пи Ар“ и Македонската филхармонија...
Паралелно, Џијан Емин работеше и како оркестратор на музиката за најскапиот филм досега снимен во Индија заедно со Rico the Wizard, продуцентот на „Дафт Панк“, на музика на оскаровецот Алах-Рака Рахман.
Ново на Сител
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
