Македонија
2. October 2015 - 15:45

Џихадистите со заканија - Ја бараат главата на Путин

На интернет се појави фотографија на која е прикажан Црвениот плоштад запален, а за сликата стојат зборовите дека џихадистите ќе му се осветат на рускиот претседател, бидејќи започнал да ги бомбардира нивните позиции.

Инаку Русија во средата започна воени напади врз стратешки позиции на џихадистите.

Додека САД се сомнева каде напаѓа Русија, најдобар доказ се сепак пораките од ИД: „Смрт за Путин! Наскоро доаѓаме!“, стои на фотографијата каде Црвениот плоштад е уништен.