Џихадистите се готови, се налути Ел Чапо и им објави војна

Еден од најбараните наркодилери, Хоакин „Ел Чапо“ Гусман и објави војна на Исламската држава.
Ел Чапо како што наведуваат светските медиуми, му испратил заканувачко писмо на Абу Бакр Ал-Багдади откако е уништена една пратка од неговиот картел.
Во писмото, кое се појави на cartelblog.com, стои дека неговите луѓе ќе ја „уништат терористичката група“ ако и натаму „влијае на неговата работа“.
Ел Чапо во шифрираниот мејл испратен до Ал-Багдади напиша дека неговите луѓе не се војници туку „понизни пи***“.
-Моите луѓе ќе ве уништат. Светот не е твој со него да управуваш. Го жалам следниот ку**** син што ќе ја попречи работата на картелот Синалоа, напиша Ел Чапо и додаде дека ќе им го „откорне срцето и јазикот“.
Ел Чапо, или „Кусиот“ побегна во јули од затворот со максимално онебзебдување кој се наоѓа на околу 90 километри од Мексико Сити.
Побегнал од дупката под тушот откако неговите луѓе ископаа тунел долг километар ипол.
Ново на Сител
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
