Македонија
7. May 2018 - 16:12

Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа е советник за анти- радикализам во владата

Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа, сепак, е ангажиран во кабиентот на Заев како негов советник и тоа во делот на внатрешната безбедност и борба против радикализмот. Владата, по три дена откако информацијата излезе во јавност, потврди дека контровезниот командант  кој минатите години беше во бегство и се поврзуваше со вооружени групи во Танушевци е дел од владниот тим. За своите советнички услуги Командант Хаџи од буџетот ќе наплаќа 600 евра месечен надоместок

Шаќири уште вчера потврди дека е ангажиран од Владат и тој како премиерот смета дека фукција била колку за преживување. Претходно тој на својот Фејсбук профил напиша дека по изборите склучил политички договор со Заев тој да го ослободи Танушевци, а за возврат да добие владина функција која ќе ја гарантира неговата безбедност.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара договорот со Командант Хоџа веднаш да биде раскинат.

  „Договорот на Командант Хоџа мора да биде раскинат, а институциите мора да покажат храброст и волја да ги бранат интересите на државата. По признанието на Шаќири, мора да следи сериозна истрага и да се утврди кој се’ му помагал во заканите и со какво оружје се заканувал?... Дали е Заев сериозен во намерите со својот советник за безбедност да ги споделува највисоките безбедносни тајни на државата?“

Командант Хоџа е во лоши односи со владината ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети од времето на случајот Дуво Насеље. Тогаш Хоџа тврдеше дека има информации според кои припадник на службите за безбедност имал контакти со вооружената група која беше дел од нападот во кумановската населба.

Од ДУИ за сегашниот нов ангажаман на Хоџа велат дека се работи за личен однос меѓу премиерот и неговиот советник.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново. Тој во 2001 година преживеа и атентат на Косово за кој се верува дека е поврзан со проневера на пари од фондот „Татковината повикува“. Тој е на црната листа на САД.