Џери Хол во „тајна врска“ со Руперт Мардок

Поранешниот фото модел и некогашна сопруга на Мик Џегер, Американката Џери Хол е во „тајна врска“ со медиумскиот магнат Руперт Мардок, тврдат лондонските весници.
Хол (59) и Мардок (84) во последно време често биле заедно и слободното време редовно го користеле за да бидат еден крај друг, но се очекува врската „јавно да ја потврдат“ утре за време на финалето на Светскиот рагби куп во Твикенам крај Лондон, кога двајцата треба да го следат натпреварот меѓу Нов Зеланд и Австралија во ложата за ВИП гости.
Блиски пријатели на семејството Мардок изјавиле дека неговите најблиски биле „затечени“ од ваквите вести во британските и американските медиуми.
Неименуван извор рекол дека се знаело оти поранешната сопруга на фронтменот на „Ролинг Стоунс“ со кога таа има четири деца и милијаредот од австралиско потекло, кој сега живее во САД, често се заедно, но дека се верувало оти станува збор за пријателство, а не за посериозна врска.
Џери Хол, која постојано живее во Ричмонд крај Лондон, во куќата во која некогаш живееше со Мик Џегер, сега е во САД покрај Мардок.
Се смета дека тие се запознале во Калифорнија, а потоа заедно ја следеле хит претставата на новиот мјузикл „Хамилтон„ во Њујорк.
Извор од опкружувањето на Мардок, кој досега три пати се женел и има шест деца, тврди дека тој се „запалил“ за 180 сантиметри високата Хол, набргу по неговиот развод со последната сопруга Венди Денг (46).
Весниците во Лондон пишуваат дека ниту Хол, ниту Мардок, ниту некој од неговото најблсико опкружување не сакаат да ги коментираат написите за „тајната врска“ на се уште атрактивната Хол и остарениот медиумски магмат.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
