Џери Адамс заминува од лидерската позиција на „Шин Фејн“ по 34 години

Лидерот на партијата „Шин Фејн“, поранешно политичко крило на Ирската републиканска армија (ИРА), Џери Адамс соопшти пред делегатите на партиската конференција дека следната година ќе се повлече од функцијата, по 34 години на чело на партијата.
Со повлекувањето на Адамс ќе заврши генерациската смена во таа партија, која е активна во Република Ирска и во Северна Ирска.
- Нема да се кандидирам за Даил (ирски Парламент) на следните избори. Ова, исто така, е моја последна партиска конференција како претседател на „Шин Фејн“, истакна Адамс.
Адамс, кој го предводи „Шин Фејн“ од 1983 година, беше еден од потписниците на Договорот на Велики петок на 10 април 1998 година за мирно решавање на судирот во Северна Ирска, заедно со тогашниот британски премиер Тони Блер и поранешниот ирски премиер Берти Ахерн. Во конфликтот во Северна Ирска загинаа околу 3.600 луѓе, главно жртви на ИРА.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
