Свет
12. September 2015 - 15:02

Џереми Корбин избран за нов лидер на британските лабуристи

Британскиот левичар и ветеран на лабуристичкото движење, Џереми Корбин е новиот лидер на опозиционата Лабуристичка партија.

На партиските избори, тој извојуаа уверлива победа, пред другите тројца противкандидати, освојувајќи 59,5 отсто од гласовите на партиските членови, активистите и симпатизерите со право на глас.

Второпласираниот Енди Барнам, пратеник и поранешен министер во владите на Тони Блер и Гордон Браун, освои 19 отсто од гласовите. Ивет Купер, исто така на двапати министер, доби 17, додека пратеничката Лиз Кендал, доби само 4,5 отсто од гласовите и е уверливо последна.

Во гласањето од вкупно регистрираните  422.600 гласачи, гласале дури 76 отсто од луѓето.

Џереми Корбин беше предложен од сосема мала група пратеници од крајната лабуристичка левица и важеше за аутсајдер, но стана водечки кандидат за лидер, користејќи го новиот систем на гласање и силната подршка на синдикатите кои по правило се ливичарски.

Како гласачи беа запишани безмалку половина милион луѓе, иако партијата има помалку од 200 илјади членови.

Големото гласачко тело се создаде, а тоа се покажа основно за триумфот на Корбин,  низ можноста секој Британец  да има право да гласа за нов лидер, со уплатени три фунти членарина, пријавувајќи се како „надворешен симпатизер“ на Лабуристичката партија.

Корбин е веќе 32 години пратеник во Долниот дом на британскиот Парламент и никогаш не ги криел своите крајно левичарски политички определби.

Низа угледни лабуристи и политички набљудувачи неговата победа ја оценуваат како закана за иднината на партијата, тврдејќи дека неговиот избор може да предизвика расцеп меѓу лабуристите.

Лабуристичкиот патеник Џејми Рид кој беше против изборот на Корбин, поднесе денеска оставка на функцијата министер за здравство во лабуристичката влада во сенка.Тој изјави дека не сака да биде дел од екипата на новот лидер.

За заменик лидер е избран пратеникот Том Вотсон, порано силен сојузник на Гордн Браун и лабурист кој го предводеше неуспешниот партиски пуч против Тони Блер во август 2006 година.