Свет
28. December 2017 - 15:53

Џентилони бара партиите да не шират страв во пресрет на изборите во Италија

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони денеска побара од партиите колку што можат повеќе да го ограничат ширењето на страв во предизборниот период во Италија. 

Италија би требало да одржи избори следната пролет и досегашниот тек на предизборието минува во знак на обидите да се запре мигрантската криза од Либија.

Левичарската Демократска партија (ПД) на Џентилони го завршува својот петгодишен мандат на власт, во рамките на кој беа сменети тројца премиери - Енрико Лета, Матео Ренци и Џентилони.

Во речиси сите анкети на јавното мислење популистичката партија Движење Пет Ѕвезди (М5С) води пред Демократската партија. 

Иако во изминатите месеци бележат раст на популарноста, се уштед алеку зад овие две партии се десничарските Форца Италија (ФИ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони и Северната лига (ЛН), кои во своите настапи го критикуваат неуспехот на демократите да ја контролираат миграцијата во Италија.