Џет-Сет
25. July 2016 - 10:48

Џениер Лопез полугола го прослави роденденот со секси танц

Џенифер Лопез го прослави 47-от роденден во друштво на многу познати личности.

На прославата беше поканет славниот Калвин Харис кој објави и фотографии на социјалните мрежи од преубавата славеничка.

- Среќен ти роденден, легендарна иконо, и порача Калвин во описот на фотографиите.

Славеничката се појави во провокативен комбинизон, кои на некои места беше проѕирен, поттикнувајќи ја имагинацијата на гостите и фановите.

Покрај Калвин, на роденденот беше Ким Кардашијан, па злобниците веднаш заклучија дека на прославата „сигурно се зборували“ и за неговата поранешна девојка и лутата ривалка на Ким, Тејлор Свифт. 

Ново на Сител