Џенерал Моторс влегува со свој тим во Формула 1

Формула 1 и Џенерал Моторс (ЏМ) постигнаа денеска начелен договор за влез на ЏМ/Кадилак како 11. тим во светскиот шампионат во Формула 1 од 2026 година.
„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Од своја страна, првиот човек на ЏМ, Марк Ројс, рече дека влезот во Формула 1 е чест за Џенерал Моторс.
„Како врв на мотоспортот, Формула 1 бара иновации и извонредност што ги поместува границите. Чест е за Џенерал Моторс и Кадилак да се приклучат на врвната светска тркачка серија, а ние сме посветени да се натпреваруваме со голема страст“, рече Ројс.
Тимот треба да го носи името Кадилак Ф1 и ќе користи мотори на Ферари во првите две години додека GM не добие мотор на Кадилак конструиран за натпреварување, почнувајќи од сезоната 2028 година.
Ново на Сител
-

Трамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САД
-

Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, приведен 47-годишник | ФОТО
-

Претставката од Здружението на родителите на загинатите од Кочани на седница на Постојаната анкетна комисија
-

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени
-

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск; закани за нови царини кон Канада и Мексико
-

Без струја повеќе делови Студеничани и Сопиште
-

Во куќа крај белгискиот град Шарлероа пронајдени околу 150 тарантули
-

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
