Балкан
7. October 2016 - 10:42

Џел Лју: Неопходно е реструктуирање на грчкиот долг

Американскиот министер за финансии Џек Лју истакна дека единствен одговор за неодржливиот долг на Грција е негово реструктуирање.

- Колку повеќе го одложувате, толку и потешко на економијата да го одржува, рече тој во говор на настан во Петерсон Институтот за меѓународна економија во Вашингтон.

Лу исто така потсети дека според договорот на Грција со нејзините меѓународни кредитори, „реструктуирањето на долгот треба да биде на маса“.

И директорката на ММФ, Кристин Лагард претходно ја потврди потребата за реструктуирање на долгот на земјата, но додаде и дека Грција има да заврши уште многу работа во врска со реформите.