Џејмс Тејлор откажа концерт поради бруталноста на режимот на Дутерте
Американскиот пејач Џејмс Тејлор, добитник на неколку Греми награди, рече дека го откажал концертот во Манила во знак на протест поради вонсудската егзекуција во кампањата против дрога на филипинскиот претседател,Родриго Дутерте.
- Мојата музика не е поврзана со политиката, но понекогаш бара преземање на некој политички став, рече Тејлор и додде дека има разбирање за казнувањето шверцери на дрога по пат на законот, но не и за произволна и вонсудска егзекуција на осомничени шверцери.
Дутерте, адвокат по професија, дојде на власт кон крајот на јуни после предизборната кампања во која вети дека ќе се пресмета со десетици илјади криминалци на Филипините, така што ќе ги убие и дека ќе го игнорира Парламентот.
Се проценува дека од доаѓањето на Дутерте на власт се убиени околу 5.300 луѓе во рамките на кампањата против дрогата.
Тејлор (68) стана познат во 70-тите години со хитовите Fire and Rain и You've Got A Friend. Музичарот во неколку наврати рече дека се лекувал од хероинска зависност пред да биде познат.
Пејачот требаше да одржи концерт на 25 февруари во Манила.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра