Џејмс Матис положи заклетва како нов министер за одбрана на САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп присуствуваше вчера во Пентагон на церемонијата на која генералот Џејмс Матис положи заклетва како министер за одбрана.
Во таа прилика Трамп рече дека Матис е „човек полн со акција“ и додаде дека поранешниот генерал целиот свој живот го посветил на служење на САД.
Трамп во Пентагон потпиша две уредби, за реформа на вооружените сили и за воведување екстремни проверки со цел да се спречи доаѓањето на радикални исламисти во САД.
- Не ги сакаме тука, рече Трамп, додавајќи дека во САД можат да бидат примени само луѓе, кои ја поддржуваат таа земја.
Во врска со уредбата за реформи на вооружените сили таа се однесува на плановите за набавка на нови авиони, бродови и ресурси за американската војска.
- Никој нема да ја доведува во прашање нашата воена сила, но ниту нашата посветеност на мирот. Ние сакаме мир, рече Трамп.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација