Кошарка
11. November 2024 - 11:28

Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постави нов рекорд во НБА-лигата.

Лејкерси рано утрово ја извојуваа шестата победа сезонава победувајќи го Торонто со 123:103. Леброн постигна трипл-дабл 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути.

Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, стана најстариот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара.

На претходната средба со Филаделфија, Џејмс постигна 21 поен, 12 скока и 13 асистенции. Вкупно ова е трет трипл-дабл за него во тековната сезона.