Џет-Сет
26. October 2016 - 9:47

Џеј Зи со бесплатен концерт за поддршка на Хилари Клинтон

Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи на 4 ноември ќе одржи бесплатен концерт во Кливланд во рамки на кампањата за поддршка на демократската кандидатка за американски претседател Хилари Клинтон.

Спектаклот ќе се случи непосредно пред изборите на 8 ноември.

Раперот изјави дека на шоуто ќе има и специјални гости, а билетите ќе бидат делени на луѓето пред почетокот на концертот. Џеј Зи истото го направи и за поддршка на актуелниот претседател Барак Обама пред изборите во 2008 и 2012 година.

Џенифер Лопез, Џон Бон Џови и Кејти Пери исто така ќе одржат концерти за поддршка на Клинтон. Лопез во сабота во Мајами ќе им се обрати на граѓаните за да ги убеди зошто треба да гласаат за кандидатот на демократите. Бон Џови, пак, ќе има два концерта, во Питсбург и во Тампа, утре и на 5 ноември, а истиот ден Кејти Пери ќе настапи во Филаделфија.