Џеј Зи ја изневерувал Бијонсе со оваа жена?
Во стих од една песна се вели: Подобро му е да ѝ се јави на Беки со убавата коса.
По објавувањето на албумот, модната дизајнерка Рејчел Рој објави селфи со пријателката.
-Убава коса, не ми е грижа, но секогаш ќе го искористам доброто осветлување за селфи или за лични вистини. Живејте под светлина, без драми, напишала Рејчел, која во јавноста е позната како поранешна сопруга на продуцентот Дејмон Деш, кој едно време му беше соработник на Џеј Зи.
Инаку, за Рејчел прв пат се пишуваше во таблоидите после неславниот инцидент од мај 2014 година, кога протече снимка од безбедносна камера во лифт на која сестрата на Бијонсе (Соланж) го „истепала“ Џеј Зи, додека Бијонсе седела на страна и гледала.
Тогаш се шпекулираше дека Соланж полудела бидејќи дознала дека Џеј Зи е премногу „близок“ со Рејчел.
Ново на Сител
-
Поднесена декларација во бугарското Собрание, се бара ЕУ да ги осуди навредите кон бугарските политичари
-
ДЗР: На неврологија лани најголем дел од прегледите биле за итни случаи или со врски
-
Прво проверка, потоа поврат на ДДВ
-
Нов случај на западно нилска треска - Пациент од струмичко хоспитализиран на Инфективна
-
Дрвокрадци пустошат преку 30 000 кубни метра дрва годишно, институциите молчат
-
Трипуновски домаќин на годишниот работен состанок на министри на ЈИЕ
-
Стартува примената на есенската кошничка
-
Законот за бранителите во Собранието