Џет-Сет
11. September 2015 - 12:29

Џеј Зи и Бијонсе пред развод

Американските таблоиди пишуваат дека една од најмоќните двојки во шоубизнисот се пред развод.

Бијонсе е подготвена да го објави разводот од познатиот рапер Џеј Зи по седум години брак, пишува „Ин Тач“.

- Бијонсе е презаситена од глумење дека е се во ред и доста и е. Приватно веќе им најави на пријателите дека продолжува со животот и дека нивниот брак веќе е минато, изјави добро информиран извор.

Медиумите пишуваат дека сопружниците веќе со месеци не носат прстени, а Бијонсе дури и ја остранила тетоважата која ја направи по свадбата.

- Во почетокот на летото, Бијонсе откри сомнителни пораки на телефонот на Џеј, поради што се сомнева дека тој има нешто со една од неговите штитенички, додаде изворот. 

Неодамна се зборуваше дека причина за разводот би можела да бидат и Ријана и Рита Ора со кои беше поврзуван раперот.

Сепак, Рита Ора ги демантира овие написи во неодамнешното интервју, предупредувјаќи ги водителите да не ја навредуваат Бијонсе.