Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.
Обраќајќи им се на американските војници во базата, тој прво рече: „Тука е многу студено. Никој не ми го кажа тоа“.
Тој, исто така, им кажа дека е „прилично кул“ да се биде првиот американски потпретседател што го посетил Гренланд.
„Оваа мисија е многу важна, администрацијата на Трамп е исклучително заинтересирана за безбедноста на Арктикот. Тоа е голем проблем кој само ќе стане поголем со текот на времето. Како што можеби сте слушнале, администрацијата на Трамп има одредени интереси за Гренланд, па за тоа ќе поразговараме малку и со нашите пријатели од медиумите“, рече Венс.
Првично беше планирано неговата сопруга Уша Венс да го посети Гренланд сама со својот син и да присуствува на трка на кучиња со санки во градот Сисимиут. Но, посетата беше откажана откако нејзиниот тим не успеа да најде локални жители подготвени да ја пречекаат. Исто така, беше јасно дека нејзиното присуство на настанот ќе предизвика протести.
Трамп инсистира на тоа дека на САД им треба огромниот арктички остров од национална и меѓународна безбедност и не ја отфрли употребата на сила за негово преземање
Ново на Сител
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ