Џеф Сешанс: Не се сеќавам прецизно на средбата со Пападопулос
Американскиот јавен обвинител Џеф Сешанс денеска сведочеше пред Комитетот за правода на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, при што негираше дека кога било лажел пред конгресмените во врска со средбите кои ги имал во време на предизборната кампања на кои се разговарало како да се постапи во објавувањето на интернет пораките на Хилари Клинтон и нејзините најблиски соработници, за кои се смета дека биле хакирани од страна на руските безбедносни служби.
Сешанс изјави и дека не се сеќава на деталите на состанокот со поранешните советници на претседателот Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос и Картер Пејџ, кои наводно биле најзаинтересирани за контакти со руските извори и за добивање на хакираните пораки.
- Се сеќавам дека во март 2016 година имавме средба во хотелот „Трамп“, на која присуствуваше и Пападопулос, но не се сеќавам јасно на деталите од тој состанок. Ние водевме брилијантна предизборна кампања, но честопати деновите беа хаотични, патувавме на повеќе места во еден ден, малку се спиеше, а згора на тоа, јас работев и со полно работно време како сенатор, изјави Сешанс, објаснувајќи ги причините зошто не се сеќава во целост на средбата со Пападопулос.
Пападопулос се изјасни како виновен по обвинението од специјалниот обвинител Роберт Мјулер дека лажел при првичното сослушување од страна на ФБИ. Пападопулос стапил во контакт со неколку лица од Русија, кои му нуделе интернет пораки од штабот на Хилари Клинтон, кои би можеле да бидат искористени во предизборната кампања.
Илјадници вакви пораки беа објавени од Викиликс и од други интернет страници, што доведе до истрага на ФБИ насочена против Хилари Клинтон и бројни обвинувања дека таа ја злоупотребила својата положба како прв човек на американската дипломатија.
Според Клинтон, овие хакерски напади довеле до тоа да ја загуби изборната трка со Трамп.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување