Џет-Сет
4. August 2017 - 21:44

Џастин Бибер бара духовно просветлување во црквата Хилсонг

Сите знаат за опседнатоста на Том Круз со Сајнтологијата, поради што наводно пропаднаа и неговите врски со Никол Кидман и Кејти Холмс.

Но, според некои таблоиди и Џастин Бибер веројатно тргнал по неговите стапки, но овој пат не е во прашање Сајнтологија, туку црквата Хилсонг, чие заштитно лице стана младиот канадски пејач.

Шпекулациите почнаа откако Џастин неодамна ја шокира јавноста со одлуката да ја прекине турнејата „Purpose“, а обожавателите веднаш почнаа да ја бараат причината за тоа. Освен разочараните фанови, Бибер ги разочара и луѓето кои работеа на турнејата, кои преку ноќ останаа без работа, а за сето дознале од медиумите.

Џастин веднаш почнал со одбрана дека грижата за екипата не е негова работа, а голем број странски медиуми пишуваа дека на таквата одлука на пејачот влијаела - црквата. По прецизно, се работи за Хилсонг црквата и нејзиниот водач Карл Ленци, каде пејачот „пронајде духовно просветлување“.

Дел од медиумите сметаат дека овој потег би можел сериозно да и наштети на неговата кариера и ја обвинија Црквата, на што реагираше нејзин претставник.

- Црквата не влијаеше на Џастин. Тој самииот одлучи да ја прекине турнејата затоа што моментно се наоѓа на духовно патување, барање на својата душа и пат по кој треба да оди во животот, соопшти претставникот на Црква.