Џамбаски: Македонија е бугарска а Бугарија е над се | ВИДЕО

„Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“, е насловот на скандалозниот предизборен спот на европратеникот Ангел Џамбазки од партијата ВМРО-БНД на вицепремиерот Красимир Каракачанов.
„Има каузи кои се поголеми од секој и од се. Од каква било политичка ситница. Поголеми од која било актуелна политичка тема“, вели Џамбаски, претставувајќи ја Македонија како една таква кауза за него и за неговата партија.
Додека трае неговото видеообраќање, се вртат кадри од Скопје и Охрид, кој тој го нарекува бугарски град.
Во скандалозното обраќање, Џамбаски вели:
„Драги, велам ’драги‘ од воспитување, привремени владетели на нашата, на мојата Македонија – не можете да живеете во 21. век без да го признаете 20. век. Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе сјае. Колку пожестоко ја измислувате својата лажна приказна, толку посилно ќе се срушат лажните темели врз кои сте ја граделе својата мизерна сегашност. Колку повеќе хистерично ја мразите Софија, толку повеќе Охрид останува бугарски. Колку погласно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и пострашен ќе биде вашиот крај“, вели Џамбаски.
Понатаму тој ги повикува гласачите в недела (4 април) да ја поддржат ВМРО-БНД, а на крајот од видеото му се обраќа и на премиерот Зоран Заев со зборовите:
„Заев! Почитуван! Колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија секогаш ќе биде од запад“.
Ново на Сител
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
