Џафери: Зајакнување на улогата на Собранието како контролор на извршната власт
Собранието е една од клучните институции за враќање на Република Македонија во демократските текови и евроатланските интеграции и затоа е неопходно да се зајакне неговата улога, за што има подготвеност кај сегашното парламентарно мнозинство, истакна претседателот на законодавниот дом Талат Џафери на денешната конференција на тема „Зајакнување на улогата на Собранието - помеѓу реформите и политичката волја“.
Џафери се заложи за зајакнување на надзорната функција на Парламентот како законодавна власт над работата на извршната власт односно Владата.
- Земајќи го предвид фактот дека моќта по правило е кај извршната власт, современата парламентарна демократија го вградила принципот на надзор од страна на законодавната власт врз извршната. Зајакнувањето на оваа функција на законодавната власт преку соодветни механизими и европски практики, ќе придонесе во подигнувањето на нивото на одговорност од страна на извршната власт, рече Џафери.
Посочи дека од нормативен аспект, не постојат поголеми пречки за остварување на надзорната функција на Собранието врз извршната власт, но, сепак, практиката заостанува зад нормативното уредување.
- Во тој контекст, потребна е политичка волја за создавање на практика за вистинска контрола над извршната власт. Убеден сум дека ова парламентарно мнозинство ја има онаа потребна критична волја која би ги придвижила работите во една позитивна насока кога станува збор за острварување на надзорната функција на Собранието на Република Македонија, рече претседателот на Парламентот Талат Џафери.
На денешната конференција присуствуваат претставници на граѓански и меѓународни организации, како и партиски и собраниски претставници кои дебатираат за тоа како да се унапреди надзорната улога на Собранието, како да се подобри учеството на граѓанското општество во работата на Собранието и како да се дојде до поквалитетна собраниска дебата.
Конференцијата ја организира Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје од каде најавуваат дека ќе присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите