Џафери за Рамазан Бајрам: Се надевам дека во периодот што го оставаме зад нас успеавме да го извлечеме од себе најдоброто
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери од негово лично име и од име на пратениците во Собранието упати честитка за првиот ден на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам до сите припадници на исламската вероисповед.
-После деновите на пост по повод светиот месец Рамазан, дојде и денот на Бајрам, како круна и награда за физичките и духовните искушенија низ кои поминаа сите посветени верници. Некој ги помина полесно, некој потешко, некој во богатство а некој со помалку меѓутоа, тоа не ги минимизира вредноста и значењето на празникот на Бајрам. Свеченото чувство и топлото зрачење продира до срцата и домовите на сите. Се надевам дека во периодот што го оставаме зад нас успеавме да го извлечеме од себе најдоброто. Дека успеавме да споделиме со блиските, со познатите и тие во потреба зборови на надеж, дела на солидарност, почит и разбирање, но над сѐ, да ја споделиме трпезата и сето тоа што го имаме, напиша Џафери во честитката.
Тој на припадници на исламската вероисповед им посака добро здравје, духовен и ментален мир. - Економската благосостојба и семејната топлина нека завладее во секој дом на овој голем ден на Рамазан Бајрам. За многу години!, напиша претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
