Џафери во Брисел на средби со Хан, Могерини, Тајани и европратеници

Кабинетот на претседателот на македонскиот Парламент соопшти дека „на покана на високи претставници на ЕУ и на Европскиот парламент, претседателот на Собранието Талат Џафери денеска е во Брисел во прва официјална посета на седиштето на Европската унија“.
Според агендата објавена од кабинетот, Џафери ќе се сретне со комесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, со претседателот на ЕП Антонио Тајани, како и со европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.
Како што се наведува во соопштението, на средбите Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира определбата на Македонија за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на Парламентот во тие процеси.
- Исто така Џафери ќе ги запознае своите соговорници со состојбите кај нас, со посебен акцент на продолжување на процесот на формирањето на новата влада како израз на парламентарното мнозинство, кое произлегува од волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на парламентарните избори во декември минатата година, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Муцунски: Наш приоритет е отворањето преговори и што побрзо членство во Европската Унија
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
-

Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
-

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал
-

Нови сведоци за пожарот во „Пулс“ денеска во судницата во Идризово
