Џафери во Абу Даби на разговори со спикерот на Федералниот национален совет на ОАЕ Сагар Ал-Гобаш

Интензивирање на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на парламентарната соработка, како и економската и трговската размена, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на денешната средба меѓу претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и неговиот домаќин, спикерот на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати Сагар Ал-Гобаш.
Претседателот на Собранието Џафери ја предводи собраниската делегација во оваа прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, во чиј состав се претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратеникот Хусни Исмаили, и пратениците Дарко Каевски и Бедри Фазли.
По официјалната билатерална средба на Џафери со претседателот на Федералниот национален совет Ал-Гобаш, предвидени се и разговори на парламентарната Делегација на Македонија со членовите на Парламентарната група за пријателство со парламентите од европските земји на Федералниот национален совет на ОАЕ.
Парламентот на Обединетите Арапски Емирати или Федерален национален совет е воспоставен во 1971 година и го сочинуваат 40 пратеници, од кои половината се жени.
Претседателот на Собранието Џафери утре ќе оствари средба со министерот за толеранција и соживот Шеикот Нахјан Бин Мубарак Ал-Нахјан. Џафери заедно со собраниската делегација ќе го посети и Павилјонот на Република Македонија на „Експо Дубаи 2020”.
Оваа посета на собраниската делегација се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати.
Во Абу Даби, но и во целата земја деновиве започнаа подготовките за одбележување на 50-годишнината од основањето на ОАЕ.
Ново на Сител
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
-

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“
