Македонија
10. February 2022 - 14:40

Џафери: Вие Крмов не сте милионер, без апанажа ќе останете на волја Господова

Предлогот на Левица за укинување на апанажата на избраните и именуваните функционери доби поддршка само од 16 пратеници и со тоа Собранието нема да расправа за него.

Претседателот на Собранието Талат Џафери од говорница кажа зошто гласал против укинувањето на апанажата.

-Оваа највисока легислативна власт фунционира врз основа на Уставот и Деловникот. Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа, но што правиме со тие што не се милионери. Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја Господова. Држава се гради врз принципи – рече Џафери.