Македонија
12. September 2021 - 19:55

Џафери тврди дека оставките се поднесуваат до премиерот, професорите со поделени мислења

Пратеник или пратеници не можат да побараат разрешување на министер, тоа право го има само премиерот односно мандатарот кој го предложил за оваа позиција. Ова е ставот на собранискиот спикер Талат Џафери откако опозицијата побара министерот Филипче оставката да ја поднесе директно до парламентот, а ако тоа не го стори таа ќе бара негово разрешување.

Но, освен меѓу власта и опозицијата поделени се и мислењата на експертите за тоа кому всушност Филипче му ја поднесува оставаката на Заев или на Собранието кое го избра.

Професорот Климовски вели дека министерот е дел од извршната власт која одговара пред законодавната.

„Оставката како личен чин на министерот, најчесто поденесена од моралани причини, во суштина се испраќа до претседателот на Собрание, а премиерот се известува дека тој министер поднел оставка. Најчесто во Собранието само се констатира поденсената оставка и не се води расправа по нејзе“, ни одговори професорот Климовски.

Како поткрепа на ова оди и членот 115 од Деловникот во кој се вели дека „Секој носител на јавна или друга функција што го избира или именува Собранието има право да поднесе оставка и може да ја образложи, во траење од 15 минути.   Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на носителот на јавната или друга функција мандатот му престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Наспроти него пак, професорот Давтиковски образложува дека парламентот го избира министерот, но само како предлог на мандаторот и дека пратениците не можат сами да му предложат име за член на влада на мандатарот, за потоа тие да бараат разрешување или оставката да е нив.

Според Уставот, член на Владата има право да поднесе оставка. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница“.