Џафери: Спинување е дека мнозинството е причина да се работи он-лајн
Собранискиот спикер Талат Џафери уверува дека Собранието мора да има алтернативен начин за одржување на седниците поради корона кризата.
Ги отфрла изјавите во јавноста дека тенкото мнозинство е причина за барањето собраниските седници да се одржуваат преку интернет.
Џафери вели дека таквата одлука ќе се носи во договор со сите парламентарни партии, но вели дека он лајн седници не се очекува да има во следните два до три месеци.
Седницата за гласање на собраниските комисии, Џафери најави дека ќе се одржи во понеделник.
Дали ќе гласа пратеникот Зибери, Собранискиот спикер вели дека ќе зависи од тестот за корона вирус.
-Ако тој добие негативен тест но и изолација, ќе дојде во собрание само да гласа, изолиран од останатите пратеници а неговото движење во собранието ќе биде според сите здравствени протоколи, изјави Џафери.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Студенти во Јужна Кореја препишувале со AI, министерот за образование поднесе оставка
-

632 осомничени и 91 компанија под истрага по падот на турската берза
-

Облачно со дожд, на места засилен ветер
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
