Џафери: Со законот за јазиците не се загрозува унитарниот карактер на Македонија
Со законот за употреба на јазиците не е загрозен унитарниот карактер на Република Македонија, вели претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери во денешното интервјуто за српскиот весник „Политика“.
- Прашањето за регулирање на употребата на јазикот јасно е утврдено во амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. И покрај тоа што одредбата е јасна, сепак во одредени ситуации постои тенденција таа да се толкува зависно од интересите на одредени страни. За да се отстрани секоја можност за пристрасно толкување, се наметнува потребата за прецизно дефинирање на ова прашање. Предлог-законот за употреба на јазикот ја има токму таа улога. Точно е дека со новиот Предлог-закон се овозможува заседавање со собраниските седници на албански јазик. Меѓутоа, со тоа нема да се намали значењето на македонскиот јазик или другите јазици кои се зборуваат во Македонија, а уште помалку унитарниот карактер на нашата држава, вели Џафери.
Прашан што очекува од евентуалните разговори во Париз во рамки на процесот „Жан Моне“ што го иницира Европскиот парламент, Џафери одговара дека во фокусот на средбите во Париз ќе бидат две теми „Собранискиот деловник“ и „Етичкиот кодекс на пратениците“
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација