Џафери: Северна Македонија ќе добие датум за преговори во јуни
Во политичкиот дел на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од швајцарската Амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување, претседателот на Собранието Талат Џафери и делегацијата од Собранието во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас.
На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери се заблагодари за постојаната и континуирана поддршка на Бундестагот во последните пет години преку споделување на искуствата во сферите во кои што беа потребни реформи во насока на осaмoстојување на законодавната власт во Северна Македонија и што и со оваа студиска посета се покажа дека Бундестагот е подготвен да го поддржи заокружувањето на процесот на независност на Собранието.
Во однос на мултилатералната сорботка во рамки на НАТО, Бас го поздрави усвојувањето на Декларацијата за Украина и приклучувањето на земјава кон санкциите против Русија иако не е членка на ЕУ, чекор со кој повтроно се покажува зрелоста на државата и нејзијана јасна определба за членство во Унијата.
Во овој контекст, Џафери изрази увереност дека државата ќе добие датум за отворање на пристапни преговори со Унијата на Самитот во јуни. Претседателката Бас одговори дека и на лично и на институционално ниво ќе стори се за да се реализира оваа заложба и се осврна на билатералното прашање со Бугарија, искористувајќи ја директната средба за да постави конктерни прашања во врска со билатералниот спор.
Џафери информираше за повеќе аспекти на наметнатиот билатерален спор од страна на Бугарија и покрај потпишаниот Договор за добрососедство, и нагласи дека недозволливо е за една држава да влијае или да му укаже на друг народ какво лично, национално или јазично чувство треба да има, затоа што ваквото чувство не е предмет на договор; дополнително, никој не успеал да ја поправи или смени историјата, но многумина успеале да се надминат себеси и да се свртат кон иднината.
Соговорниците се согласија дека пријателите треба да разговараат директно и отворено, во насока на што Џафери упати покана за официјална посета на Бас на земјава, која што таа со задоволство ја прифати.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно