Џафери се сретна со косовскиот амбасадор Хиса
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со косовскиот амбасадор Илбер Хиса на која станало збор за актуелните политички ситуации во Македонија и во Косово и за потребата за соработка меѓу двете земји.
Амбасадорот Хиса, како што стои во соопштението, му ја честитал новата функција на претседателот на Собранието Џафери и уште еднаш потврдила дека Косово ќе продолжи и понатаму да и дава институционална поддршка на Република Македонија.
- Претседателот Џафери, му се заблагодари на амбасадорот Хиса, за неговата посета изразувајќи задоволство и подготвеност за натамошно продлабочување на заемната соработка. Двајцата соговорници истакнаа дека пријателските односи меѓу двете соседни земји имаат позитивно влијание и се значајни фактори за економскиот развој и стабилноста во регионот, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат