Џафери оствари средба со претседателот на иранскиот Парламент

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на средбата со неговиот ирански колега Али Ардешир Лариџани, што се одржа во рамки на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, нагласи дека економските односи меѓу Скопје и Техеран се далеку под можностите за реална економска соработка, иако се создадени предуслови за нејзина диверзификација.
– Договорната состојба е солидна, со склучени осум договори и спогодби, но потребно е да се направат дополнителни напори за да се надминат пречките во економската соработка, истакна Џафери.
Претседателот на Собранието укажа дека постои простор за унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Парламентот на Иран, како и културната соработка меѓу двете земји, во согласност со Договорот за културна соработка.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека Џафери, на средбата информирал за актуелните состојби во врска со евроатлантските интерграции на Северна Македонија, односно очекувањата за добивање на датум за започнување на пристапните преговори со Европската Унија и за интегрирањето во НАТО, како триесетта земја членка на Алијансата.
Лариџани, ја истакнал важноста за започнување на поинтензивен дијалог меѓу Исламската Република Иран и Република Северна Македонија, особено во доменот на економската соработка.
– Со цел унапредување на економските односи и проширување на соработката меѓу двете земји во полето на индустријата, земјоделството и рударството, неопходно е најпрво да се разрешат банкарските прашања. Следниот чекор би бил проширување на соработката меѓу стопанските комори, оцени претседателот на Собранието на Иран.
Констатираше дека либерализацијата на визниот режим меѓу Иран и Северна Македонија не треба да биде ограничен само на носителите на дипломатски и службени пасоши, туку треба да се прошири за сите граѓани.
Претседателот на иранскиот Парламент посочи дека ќе му даде инструкции на министерот за култура на Иран да ја следи состојбата со спроведувањето на Договорот за културна соработка.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
