Џафери: Не чувствувам потреба да коментирам одлуки на политичките партии

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори.
- Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил било каков коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково.
Прашан дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.
-Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери.
За тврдењето дека не треба да се одржуваат промотивни настани како денешниот во градинката во Матејче откако се распишани изборите рече дека се уште не сме влезени во периодот кога тоа е ограничено.
-Законот забранува 20 дена од отпочнувањето на официјалната кампања така што се уште не сме во тие 20 дена пред отпочнувањето на официјалната кампања. Претседателските избори се закажани за 24 април што значи дека некаде на 4 април почнува официјалната кампањата и фактички не сме во тие 20 дена пред тоа, појасни Џафери.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
