Македонија
26. February 2024 - 12:20

Џафери на инвестициски Самит во Лондон

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, денеска учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, што ќе се одржи во седиштето на Банката во Лондон, Велика Британија.

Како што соопшти владината прес-служба, Џафери ќе биде придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За време на Самитот, техничкиот премиер Џафери ќе присуствува на централниот и придружен настан, а ќе оствари и билатерална средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо. Имаме дел од неговото обраќање утрово