Џафери: Јас поднесов список со сите пратеници, а секој ќе одлучи дали ќе прими вакцина или не
На новинарско прашање за тоа колкав број пратеници покажале интерес за вакцинација, претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека тој поднел список од сите 120 пратеници, а нивна одлука е дали ќе ја примат или не вакцината.
- Јас како претседател на Собранието поднесов целосен список на пратениците. Според процедурите секој од нив добива порака за терминот којшто е предвиден и во која група е. Нивна лична одлука е кој ќе дојде кој нема да дојде, тоа веќе не е работа на Собранието, односно не е одговорноста на претседателот на Собранието, важно е дека сите се предвидени, а кој како ќе одлучи тоа е нивна работа, рече Џафери.
Џафери додаде дека негова обврска било да достави список со потребни податоци на сите пратеници и службеници, а негодувањето е нивно право.
- Моја обврска е да доставам список со потребни податоци на сите пратеници и службеници а секој има право да негодува и да се одлучи ќе прими или нема да прими вакцина и дека тој нема да се меша во нивните одлуки, изјави Џафери.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости